Kozuvcanka Web Banner_600x200 Srekna nova 2025

Директорката на УЈП Сања Лукаревска позитивна на коронавирус

sanja lukarevska post1
sanja lukarevska post1

Директорката на УЈП Сања Лукаревска е позитивна на тестот за коронавирус. Таа се тестирала откако вчера ја дознала веста дека потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири има коронавирус, со кого имала работни состаноци. Лукаревска вел идека нема никакви симптоми и дека е во самоизолација.

Zito akcija 640x289px

„После веста која ја објави другарот Мухамед Зекири, а поради работните состаноци кои ги имавме заедно,направив тест за Ковид-19 и резултатот е позитивен. Немам никакви симптоми и веќе сум во домашна самоизолација. Не можам да бидам сигурна на каков начин сум го добила вирусот, но сите контакти кои ги имав последниве денови беа со целосно почитување на мерките за заштита, со маска, на дистанца и со редовна дезинфекција. Ќе ги следам насоките на епидемилозите во целост и очекувам повеќе информации од нивна страна, согласно анкетата која треба да ми биде направена. Посакувам брзо оздравување на Муки и семејството, на сите други заболени граѓани, како и негативни тестови на сите кои се во самоизолација“, вели Сања Лукаревска, директорка на УЈП.

Вчера потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири објави дека тој, неговата сопруга и неговото тримесечно дете се позитивни на коронавирус. Поради контактите со него, во самоизолација се уште и вицепремиерката Мила Царовска, министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски и новинарката на ТВ 24 Душица Мрѓа.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: