Ефикасна и безбедна е вакцината „Модерна“, тврдат експертите

Brz test covid 19
Brz test covid 19

Вакцината на „Модерна“ е безбедна и ефикасна 94 проценти, соопштија американските експерти за вакцини, отворајќи го патот за одобрување за итни случаи во САД, објави Би-би-си. Анализата од страна на Агенцијата за храна и лекови (ФДА) значи дека може да стане втора вакцина за коронавирус што е дозволена во САД.

Zito akcija 640x289px

Ова следи еден ден откако Американците низ целата земја започнаа да се вакцинираат со вакцината на „Фајзер-Бионтех“. За разлика од таа вакцина, вакцината на „Модерна“ не бара ултра складирање за време на испораката.

Agria

Податоците на „Модерна“ денеска ги објави ФДА, пред состанокот на панелот за вакцини на кој ќе се дискутира за лекот.

Веста доаѓа во моментот кога бројот на жртви во САД од коронавирус надмина 300.000, според Универзитетот „Џон Хопкинс“.

Во документот од 54 страници се вели дека „нема специфични безбедносни проблеми“ и дека сериозни несакани реакции се ретки. Доколку биде одобрен од тимот експерти подоцна оваа недела и од шефот за вакцини на ФДА, пратките може да започнат во рок од 24 часа.

Најчестите несакани ефекти вклучуваат треска, главоболки и болки во мускулите и зглобовите.

Минатата недела ФДА објави слични податоци од „Фајзер“ пред гласањето за издавање на одобрување.

Извор: makfax

Moжеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: