Емидемиологот Драган Даниловски: Прашање на време е кога индискиот сој на коронавирусот ќе дојде и кај нас

danailovski

Прашање на време е кога индискиот (делта) сојот на коронавирусот ќе дојде и кај нас. Тоа веројатно нема да биде пред есен затоа што дури тогаш ќе почнат  дружбите на затворено, но не верувам дека ќе случи некој силен бран, вели емидемиологот Драган Даниловски во изјава за Канал 5.

Zito akcija 640x289px

За да се намали ризикот од ширење на новиот сој на ковид-19 Даниловски предлага кон крајот на летото да се воведат рестрикции на границите, како задолжителен ПЦР-тест на границите за влез во земјава.

Agria

„Добро би било да се воведат бариери на границите, да речеме ПЦР-тестови за сите што влегуваат преку граница во земјава особено кон крајот на летото, кога ќе почнат да се враќаат од одмори. Втора линија на одбрана би требало да биде ригорозна  епидемиолошка обработка за секој нов случај….Мислам дека со малку среќа и ако го интензивираме темпото на вакцинација и ако се зголеми интересот веројатно имаме шанса да дојдеме до колективен имунитет од 80-85 отсто, затоа што тој е прагот на колективен имунитет при кој што епидемиско ширење кај овој тип на вирус би било невозможно“, изјави Даниловски за Канал 5.

Според него, мутациите на вирусот се јавуваа претежно онаму каде вакцинацијата се одвиваше со слабо темпо и затоа смета дека треба да се вакцинираат и децата.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/22001/18-gradovi-vo-makedonija-nemaat-nitu-eden-aktiven-sluchaj-na-kovid-19/