Автобус на штипската фирма „Кит-го“ изгоре на автопатот Штип-Миладиновци, јавува дописникот на МИА од Штип.
Во автобусот немало патници, а возачот кога настанал пожарот се обидел да го изгаси со противпожарен апарат, но огнените јазици биле силни и го зафатиле целосно.
Покрај автобусот од пожарот е зафатена и и ниско стеблеста шума која се наоѓа покрај автопатот. Светиниколските пожарникари веднаш реагирале и пожарот е навреме локализиран.
Можеби ќе ве интересира: