На следниот состанок на комисијата за заразни болести ќе се разговара за опасноста од делта-видот и заштита на границите со евентуално воведување тестови.
Министерот Венко Филипче информираше вели дека сегашните мерки остануваат на сила, но ќе се менуваат доколку има промени.
„Сите сега препорачани мерки во овој следен период, нормално ако забележиме дека има некаква промена ќе интервенираме и таму, меѓутоа засега нема план да се менуваат. Тоа што би разговарале и евентуално би носеле некаква одлука е во однос на штитењето на границите. Во однос на тестовите. Да се процени ризикот и дали е тоа вистинска мерка со која навистина може да се заштитиме“, рече министерот за здравство Филипче.
Дали поради ширењето на делта-видот на коронавирусот ќе се воведат некакви рестрикции ќе се разговара на состанокот на комисијата во понеделник. Филипче извести дека иако дел од челновите биле на одмор, веќе се анализира и се истражува за овој вид и мислењата на челновите на Комисијата ќе бидат слушнати в понеделник.
Во овој момент само за патниците од Индија важи мерката 14 дневен карантин. За останатите, влезот не е условен.
Можеби ќе ве интересира: