Локализиран пожарот во „Жито Битола“

zito bitola
zito bitola

Локализиран е пожарот што избувна синоќа околу 17 часот во „Жито Битола“. Пожарникарите остануваат на терен, до целосно гасење на огнот.

Според досегашните информации, огнот избил на кровната конструкција од засега непознати причини. Причинета е голема материјална штета, но нема жртви.

Agria

Градоначалникот Тони Коњановски претходно рече дека станува збор за стар објект којшто е во сопственост на „Ангро механизација жито Битола“, и опфаќа пекара, млин и силос. Во моментот на избувнување на пожарот во објектот имало двајца работни кои за среќа навреме излегле.

Претходно и МВР јави дека нема пријава за повредени лица во пожарот.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: