Црна Гора ќе им дозволи на граѓаните на Македонија да влезат во земјата. Македонија се најде на новиот ревидиран и проширен список на земји чии државјани ќе може да патуваат во Црна Гора од 1 јуни без самоизолација и карантин.
Владата го објави дополнителниот список на предлог на Институтот за општо здравје на Црна Гора, на кој се додаваат уште осум земји, за кои се смета дека се блиску до критериумот на 25 активни случаи на заболени од Ковид-19 на 100.000 жители.
Покрај Македонија, на листата се уште и Косово, Босна и Херцеговина, Хрватска, Албанија, Словенија, Унгарија и Грција, но не и Србија. потврди Милутин Симовиќ, вицепремиер и шеф на Националниот координативен штаб за справување со корона вирусот на Црна Гора.
Србија на ова реагираше дека критериумите не се според епидемиолошката ситуација и дека во овој случај во Црна Гора не би требало да патуваат ниту Германци и Полјаци.