Министерството за здравство ги информира граѓаните кои се вакцинираа викендов да внимаваат

vakcinacija na lugje

Министерството за здравство ги информира сите оние лица кои веќе ја примиле првата доза на вакцината на „Астразенека“ и оние кои во следните денови ќе се вакцинираат, треба да знаат дека за да се создаде имунитетот потребни се три недели.

Zito akcija 640x289px

„ Ова значи дека сите кои примиле деновиве вакцина треба да се исклучително внимателни следните недели и да продолжат да ги почитуваат мерките за лична заштита, како носење маска, физичка дистанца и одржување лична хигиена“ предупредува министерството.

Agria

Како што се наведува, најчести несакани ефекти по примање на вакцината се – болка на местото на апликација, црвенило и чешање, покачена телесна температура, треска, главоболка, болки во мускули. Овие несакани ефекти се јавуваат кај 1/10 индивидуи. Поретко се јавува алергиска реакцијa. Најчесто несаканите ефекти се благи и краткотрајни и исчезнуваат еден до два дена по вакцинацијата, појаснуваат од Министерство за здравство.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/19577/na-skopskiot-aerodrom-utrovo-pristignaa-24-000-vakczini-od-astrazeneka/