На социјалната мрежа Тик Ток се појави видео на кое се гледа како момче во телефоснки разговор се шегува со итната медицинска помош, барајќи помош од пожарникари.
Ова наиде на многу критики од јавноста. Граѓаните велат дека додека момчето се шегува, тоа можеби се драгоцени секунди за спас на некој кој во моментот се бори за живот.
Од службата за Брза помош велат дека ова не е ниту близу до бизарните повици што речиси секојдневно ги добиваат. Скопјани на 194 се јавуваат и ако нема струја за да дознаат каде да се обратат, а почесто се лаже оти имало сообраќајка.
„Пример се јавуваат ако не си го знаат бројот бидејќи им е нов, за да прашаат која аптека работи“, вели Маргарета Атанасовска Трипуновска од Итната медицинска помош.
Претходно друго момче од Скопје објави видео на Тик Ток каде се гледа дека пали шума, по што полицијата го пронајде и ќе треба да одговара.
Видеото набрзо е избришано од социјалните мрежи.
Можеби ќе ве интересира: