По Скопје и Куманово, Велес е трет со најмногу заразени со коронавирусот, во изминатите 24 часа се регистрирани 32 нови случаи

Veles Oktomvri 2021
Veles Oktomvri 2021

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа во Велес се регистрирани нови 32 случаи на коронавирусот, а во моментов во болницата во Велес вкупно се хоспитализирани 59 пациенти, од кои 47 пациент се потврдени позитивни, четири пациенти се сомнителни на вирусот и осум пациенти се со негативен тест но се задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 30 пациенти во велешката болница.

Zito akcija 640x289px

Инаку, во изминатите 24 часа ширум земјава се регистрирани 490 нови случаи на КОВИД-19 во:

Agria

Скопје се 223, Куманово – 38, Прилеп – 33, Велес – 32, Штип – 24, Битола – 20, Кавадарци – 19, Охрид – 17, Крива Паланка – 16, Кочани – 10, Кичево – 8, Македонска Каменица – 6, Гевгелија – 5, Струмица, Радовиш и Пробиштип – по 4, Тетово, Делчево, Виница, Валандово, Кратово и Демир Хисар – по 3, Гостивар, Струга и Неготино – по 2, Свети Николе, Ресен и Богданци – по 1.

Регистрирани се 11 починати лица: 4 починати лица од Скопје (83г, 80г, 78г, и 66г), 3 починати лица од Куманово (93г, 69г и 48г), 2 починати лица од Прилеп (79г и 35г) и по едно починато лице од Струмица (67г) и Радовиш (79г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Во изминатото деноноќие регистрирани сe 201 оздравени пациенти. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 198.646 бројката на оздравени пациенти е 185.660, на починати е 7.012, а бројот на активни случаи изнесува 5.974.

Според епидемиолошки анализи во моментов, најмногу активни случаи има во Скопје 3008, Куманово 481 и Велес 294. Над 200 активни случаи имаат и Прилеп 236, Охрид 203 и Штип 202.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: