Поведена постапка против две лица кои се сомничат дека шест часа вршеле полови дејствија врз малолетнo лице

siluvanje
siluvanje

Тетовското основно јавно обвинителство поведе постапка против две лица осомничени дека сториле кривично дело обљуба врз немоќно лице, пренесува макфакс.

Zito akcija 640x289px

Како што се наведува во соопштението за натастанот, оштетената 15-годишна девојка преку социјална мрежа се запознала со едниот осомничен, 18-годишен жител на селото Рашче, општина Сарај и се договориле да се сретнат во Тетово.

Agria

На закажаната средба на 29 јануари, 18-годишникот пристигнал заедно со вториот осомничен, 54-годишен жител на Арачиново.

Злоупотребувајќи ја немоќта на оштетената, која била неспособна за отпор, осомничените во периодот од 10 до 16 часот на критичниот ден, на повеќе локации вршеле полови дејствија со неа.

Осомничениот 54-годишник е лишен од слобода, додека по другиот осомничен се трага.

Јавниот обвинител, по донесената наредба за истрага доставил и предлог за определување притвор за двајцата осомничени.

Судија го прифатил предлогот и за двајцата осомничени определен е притвор во траење од 30 дена, со тоа што за осомничениот кој што е во бегство мерката ќе започне да се применува од денот на неговото пронаоѓање и лишување од слобода.​​

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: