Реконструкција на убиството во кое почина матурантот Ангел Петковски, присустни беа и неговите родители

rekonstrukcija na ubistvo vo gjorce-petrov

Пред седум години откако се случи убиството на Ангел Петковски, денеска беше извршена реконструкција кај Очната клиника во Ѓорче Петров, по одлука на Основниот кривичен суд Скопје, а на барање од одбраната на обвинетиот Насер Ештрефи.

Zito akcija 640x289px

На реконструкцијата присуствуваа родителите на починатиот Ангел, обвинетиот Насер Ештрефи,  како и судијката Дијана Груевска-Илиевска.

Agria

Враќањето на кејот на Вардар пред очната болница, стресно го доживеа таткото на Ангел, кој дента бил сведок на убиството на неговиот син. Иако му било тешко да ја гледа реконструкцијата, вели собрал сила за да докаже како бил убиен Ангел оти обвинетиот Ештрефи според него дал лажни верзии за настанот.

„Тука го изгубив мојот син. На овие скали тука падна и го носев на раце до горе. Мислев дека е во кома. Загубата за мене е преголема. Светот да ми го поклонат не ми вреди колку мојот Ангел“, рече Сашо Петковски, татко на убиенот Ангел.

Првостепената пресуда заврши со 14 години затвор за кражба и убиство, ја потврди и апелација но врховниот суд ја укина и нареди реконструкција. Сметаше дека хронологијата на дејствата и тоа кој прв нападнал можело да влијае врз исходот на процесот.

Убиството на Ангел Петковски се случи на 19 мај 2014 година во населбата Ѓорче Петров, а Инцидентот започна со кражба на велосипед од страна на Насер Ешрефи од скопското село Грчец.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/18988/ministerstvoto-za-zdravstvo-najavuva-21-060-dozi-vakczini-od-kompanijata-fajzer-do-krajot-na-meseczov/