Се “бара” претседателот на Државната изборна комисија

Претседателот на државната изборна комисија Дерковски, според информации на порталот 360 степени, е недостапен за колегите кои го чекаат да закаже седница, бидејќи треба да се ревидира роковникот, а утре да почне кампањата.

Zito akcija 640x289px

Борис Кондарко член на државната изборина комисија за 360 степени изјави дека ревидирањето на роковниот ден по завршувањето на вонредната состојба е законска обврска што произлегува од Уредбата за изборите и заклучокот на ДИК.

Agria

Членовите на ДИК, според иформации на 360 степени, од вчера не можат да дојдат во контакт со претседателот на Комисијата, Оливер Деркоски, од кого се очекува за денеска да закаже седница за ревидирање на роковникот за парламентарни избори, што би требало да се одржат на 5 јули, со оглед на тоа што на полноќ заврши вонредната состојба.

Дел од членовите на ДИК денес се во просториите на ДИК и велат дека Деркоски не одговара на нивните повици.

И екипата на 360 степени се обиде да стапи во контакт со претседателот Оливер Дерковски, но тој не одговори на нивниот телефонски повик.