Владата донесе нови, порестриквитни мерки за забраната за движење во целата држава. Почнувајќи од среда, полицискиот час ќе почнува од 16 часот, а ќе трае до 5 часот следниот ден.
За време на викенд ќе биде забрането движењето од петок во 16 часот, па се до понеделник до 5 часот наутро.
Нови порестриктивни мерки има и за старосните групи граѓани. Младите до 18 години ќе можат да се движат само во периодот од 13 до 15 часот.
Возрасните над 67 години, право на движење ќе имаат во периодот помеѓу 10 и 12 часот.
Мерките се носат како заштита од ширењето на заразата со коронавирус.