Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, како и на Еуродизел (Д-Е V) се намалуваат за два денара за литар во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 18.01.2021 година. Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), пак, се намалува за 13 денари и ќе изнесува 41,50 денари за литар, додека малопродажната цена на мазутот останува на исто ниво.
Еден литар 95-октански бензин ќе чини 61.00 денари, еден литар 98-октански бензин ќе чини 63.00 денари, додека еден литар дизел гориво ќе чини 52.50 денари.
Одлуката била донесена поради тоа што престанува да важи Уредбата со законска сила за примена на законот за акцизите за време на вонредна состојба.
Можеби ќе ве интересира: