Коронавирусот ја однесе и третата жртва во земјава. Почина пациентката којашто веќе неколку дена беше на апарати за дишење, објави министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција.
Како што кажа министерот, починатата е од Дебар, на возраст од 66 години, а претходно боледувала од висок крвен притисок.