
Полицијата го приведе 45-годишниот вевчанец кој на социјалните мрежи упати видео порака дека ќе ги убие премиерот Зоран Заев и претседателот на државата Стево Пендаровски.
Од таму ја информираат дека тој на својот фејсбук-профил, како и на повеќе електронски портали, објавил видео со заканувачка содржина, промовирал и поттикнувал омраза, дискриминација и насилство кон други лица.
„При претрес извршен во неговиот дом, а врз основа на наредба од судија на претходна постапка, пронајдени се и одземени лаптоп и други предмети поврзани со делото. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираат од МВР.
Г-дин Поповски од Вевчани повикува на убиство на Заев и Пендаровски
— Dimko (@ddimkooooo) January 4, 2021
Оливер, ти си на ред pic.twitter.com/uqyCfJR42y
Можеби ќе ве интересира:
