(ВИДЕО) Петмина упасени за препродажба на кокаин

Кокаин
Кокаин

Сузбиена е криминална група за препродажба на кокаин. Од МВР ја информираат јавноста дека дека во акцијата, која траела неколку месеци, се приведени пет лица. Тројца од нив се од Арачиново и се работи за двајца браќа и нивниот татко, додека другите две лица се од Неготино.

Zito akcija 640x289px

Петмината преку организирана мрежа на препродавачи и посредници дрогата ја продавале во Велес, Скопје, Куманово, Тетово, Кавадарци по цена од 3.000 до 5.000 денари за грам, за што се обезбедени и докази.

Agria

„Од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за ГОКК поднесена е кривична пријава против Х.А. (49), Ф.А. (22), Ф.А. (24) сите од општина Арачиново, Р.Г. (27) и П.С. (29), двајцата од Неготино, за сторени кривични дела – „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по член 215 ст.3 од Кривичниот законик на РСМ. Од досега спроведената истрага утврдено е дека Ф.А. и Ф. А. (браќа) и нивниот татко Х.А. подолг временски период вршеле набавка и продажба на наркотична дрога кокаин по цена од 3000-5000 денари за еден грам на лица во повеќе градови низ државата и тоа во Скопје, Куманово, Тетово, Кавадарци и Велес, преку организирана мрежа на препродавачи и посредници“, рече портпаролот на МВР, Тони Ангеловски

Криминалната група по извршената набавка, во својот дом вршела препакување на кокаинот за понатамошна продажба, а била координирана од Х. А.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: