Вкупно 46 отсто од полнолетните граѓани примиле две дози вакцина

vakcinacija Boris Trajkovski

Од министерството за здравство информираа дека во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 6.830 дози вакцини, од кои 638 се аплицирани како прва доза, 1.472 како втора доза, а 4.720 граѓани примиле трета доза вакцина.

Zito akcija 640x289px

Заклучно со 22 октомври вкупно се вакцинирани 801.326 граѓани, две дози примиле 769.356, а трета доза примиле 10.386 граѓани. 54% од граѓаните над 40 годишна возраст се вакцинирани со две дози, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Agria

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57%, а со две дози опфатени се 46% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/24616/dik-ke-gi-soopshti-konechnite-rezultati-od-prviot-krug-na-lokalnite-izbori/