Владата ќе ја чека Комисијата за заразни болести па ќе одлучува за евентуално нови рестриктивни мерки

Policiski cas 997x485

Премиерот Зоран Заев денеска не сакаше да прејудицира дали ќе се воведат нови рестриктивни мерки по зголемувањето на бројот на новодијагностицирани од Ковид-19. Во изјава за медиумите истакна дека ќе ги следат препораките на Комисијата за заразни болести.

Zito akcija 640x289px

„За евентуално други рестриктивни мерки ќе ја чекаме Комисијата за заразни болести. Веројатно тие ќе работат денеска и во текот на викендот, а во понеделеник во 9 часот стандардно има состанок  Главниот координативен штаб на Владата каде присуствува и министерот за здравство. Ние ќе ги следиме нивните препораки“, изјави премиерот Зоран Заев.

Agria

Имаме еден нов пик, рече Заев, но да видиме што ќе кажат бројките овие денови и конечно кој ќе биде предлогот на Комисијата за заразни болести.

Во последните 24 часа се направени 3.519 тестирања, а регистрирани се 843 нови случаи.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/19013/malite-partii-so-predlog-za-edna-izborna-edinicza-premierot-zoran-zaev-so-poddrshka/