Власта и опозицијата конечно се договорија, најдено решение за деблокада на законите од петтиот пакет

sobranie-
sobranie-

Пратениците од власта и од опопозицијата денеска конечно успеаја да најдат компромисно решение за деблокада на законите од петтиот пакет антикризни мерки. Претседателот на собранието нема да закажува нова седница со четири точки, како што бараше опозициската ВМРО-ДПМНЕ, ама од дневниот ред на тековната 36. седница ќе бидат тргнати повеќето други точки, освен законите за кои опозицијата се понуди да обезбеди кворум.

Zito akcija 640x289px

Од 29 точки на дневниот ред на 36.седница останаа само четири – една за продолжување на кризната состојба на јужната и на северната граница, а другите три за имплементација на финансиската помош за фирми и физички лица – мерки што произлегуваат од петтиот антикризен пакет.

Agria

Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицевски рече дека дијалогот очигледно дал резултат.

„Во духот на разбирањето, барам од мнозинството да дадат поддршка на нашите предлог мерки за компаниите и граѓаните во месеците февруари и март. Нашите точки сме подготвени да ги одложиме за расправа, односно да останат на седницата точките само за продолжување на кризната состојба и сега изгласаните предлози за закони кои треба да одат по итна постапка“, кажа Мицевски.

Координаторот на СДСМ Јован Митревски, се заблагодари на опозицијата што победил разумот и што нејзините пратеници се вратија во салата.

Дневниот ред ќе биде потврден денеска, а потоа веднаш ќе работи комисијата за финансирање и буџет. Пратениците денеска ќе продолжат со пратенички прашања, а од кои се откажаа избраниците од власта. Со ова практично постојната седница се претвора во ковид седница

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: