Македонската репрезентација до 19 години забележа пораз против Белорусија од 3:1, во рамките на второто коло од квалификацискиот турнир што се игра во истата земја.
Домаќинките беа подобри и заслужено победија. Стрелци на головите за Белорусија беа Асмикович, Јакушик и Капиша, додека за нашата репрезентација голот го постигна Теодора Николовска. Фудбалерките на Борец, Александра Јовановска и Сања Перчинковска не добија шанса на овој натпревар.
Содржината продолжува под рекламата
Следниот натпревар се игра утре 26 октомври, против селекцијата на Кипар.
Можеби ќе ве интересира: