Македонски автобус се излизга на автопат во Србија и удри во банкина. Сообраќајната несреќа се случила вчера на местото Појат во Србија поради лошите временски услови. Како што пренесуваат медиумите во Србија нема повредени патници но причинета е материјална штета.
Инаку вчера Србија ја зафатија обилни снежни врнежи кои предизвикаа огромни проблеми низ целата држава. Сообраќајот на автопатот „Милош Велики“ бил во колапс при што на возачите им се препорачувала максимално внимателност.
