Кајакарите на македонската сениорска репрезентација во кајак-спуст во состав Љубомир Спасиќ, Александар Златаров, Кристијан Лазаров и Благој Гугинов, сите членови на ККК Арка Борец од Велес, не изборија пласман во финалето на Светското првенство во Германија во градот Аугсбург.
Содржината продолжува под рекламата
Најдобар пласман во во дисциплината К1 избори Љубомир Спасиќ кој го освои 18 место, со заостанување од 4,51 секунда зад водечкиот Лука Бароне. Златаров заврши на 28 место а веднаш зад него е Благој Гугинов на 29 место. Кристијан Лазаров го зазеде 37 место.
Содржината продолжува под рекламата
Денес македонската сениорска репрезентација ќе учествува во финалето на тимско возење во состав Спасиќ, Златаров и Гугинов. Натпреварите започнуваат во 14 часот.
Можеби ќе ве интересира: