На Велики Петок се одржа второ коло од Европски Куп во Осилница, Словенија на реката Колпа. Учество зеде македонската сениорска репрезентација чии членови доаѓаат од Кајак Кану Клуб Арка-Борец од Велес.
Содржината продолжува под рекламата
Настапите во сениорска конкуренција беа забележани со пласман на 10 место на Златаров, Спасиќ на 11-то, Лазаров на 17-то и Гугинов на 19-то место. Лазаров и Гугинов како младинци покрај тоа што земаа учество со сениорите настапија и во својата конкуренција каде Лазаров се пласираше како шести, а Гугинов на осмо место во младинска категорија.
Содржината продолжува под рекламата
Во тимските возења нашиот сениорски тим предводен од Спасиќ и Златаров заедно со јуниорот Лазаров патеката ја завршија како четвртопласирани. На овој Европски Куп земаа 33 кајакари во сениорска, а 18 во младинска конкуренција како и девет тимски екипи.
Со завршување на второто коло од Европскиот Куп генералниот пласман кај јуниорите го предводат младите членовите на Кајак Кану Клуб Арка-Борец, на првата позиција е Кристијан Лазаров веднаш по него е Благој Гугинов, третото место го завзема Босанецот Аљоша Травар, додека кај сениорите повторно првите две позици ги држат Златаров и Спасиќ пред Емир Абдихоџиќ од Босна и Херцеговина.
Во следниот период им преостануваат уште три кола од Европскиот Куп во Швајцарија, Италија и Чешка, каде нашите репрезентативци имаат реални шанси да испишат нов историски успех со освојувањето на првите места во генарален пласман во сениорска и јуниорска категорија како што тоа беше во 2021 кога Златаров, Спасиќ и Небиовски завршија на првите три позиции во генералниот пласман на Европскиот куп.
Можеби ќе ве интересира: