Македонските ракометарки денеска на мегдан против Холандија

По премиерата против Франција, женската ракометна репрезентација на Македонија денеска го игра вториот натпревар, од 18 часот се среќаваме против селекцијата на Холандија. 

Zito akcija 640x289px

Против селекцијата на Франција македонските ракометарки почувствуваа како е да се игра на Европско првенство, а денеска поискусни за тој меч ќе се сретнат со Холандија. 

Agria

Холандија е Светски шампион од 2019 година и тие како и Французинските се голем фаворит против Македонија, но анализите велат дека оваа селекција не е на нивото на Франција, па очекуваме ракометарките на Љубомир Савевски овојпат да пружат поголем отпор.

Холандија славеше во првото коло против Романија, но не беа убедливи, тоа беше тесна победа изборена со еден гол разлика, 29-28.

Подемот на женската холандска репрезентација е од неодамна, првиот блесок го имаа во 2015 година кога играа финале на Светско првенство, а во 2016 се бореа и за трофејот на Европското првенство, конечно во 2019 година кренаа пехар и тоа најголемиот, го освоија Мундијалот кој се одржа таа година. 

Холанѓанките имаат промена на генерациите, многу ракометарки од 2019 не играат денеска, тие не се совршени како што беа, тоа беше видливо и на нивниот дуел со Романија. 

Македонија предводена од Љубомир Савевски треба да ги искористи слабостите на Холандија, да го даде максимумот и со поддршка од публиката да се обиде да се надигрува со посилниот противник.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/33842/video-dozhd-od-golovi-vo-shtip-kegi-mobi-go-sovlada-karadaku/