Макрон победник на претседателските избори во Франција

Претседателот Емануел Макрон беше прогласен за победник на вториот круг од изборите во Франција против екстремно десничарската ривалка Марин Ле Пен во неделата.

Zito akcija 640x289px

Двајцата кандидати имаа остро различни ставови, не само за домашните прашања, туку и за улогата на Франција во Европа, НАТО и остатокот од светот.

Agria

За време на неговиот говор за прифаќање, Макрон рече: „Многумина во оваа земја гласаа за мене не затоа што ги поддржуваат моите идеи, туку за да ги одвратат оние на екстремната десница“.

Со пребројани 97 отсто од гласовите, Макрон освои солидни 57,4 отсто од гласовите, покажаа бројките на Министерството за внатрешни работи, објави Ројтерс.

Претседателот на Македонија Стево Пендаровски му ја честита победата на Емануел Макрон на вчерашните претседателки избори на кои тој го обезбеди вториот мандат на чело на француската држава. Тој оцени дека е многу важен овој „проевропски избор“.

„Честитки до Емануел Макрон за победата на претседателските избори.
Оваа победа се случува во време на предизвици кога проевропскиот избор е навистина значаен. Се надевам ќе продолжиме со соработката за прашањата кои ги зближуваат нашите земји и народи“, објави преку својот фејсбук-профил Пендаровски.

Американскиот претседател Џо Бајден на Твитер му честиташе на Макрон, велејќи дека со нетрпение очекува да „продолжи блиска соработка“ со францускиот лидер.

И, другите европски лидери испратија честитки, вклучително и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој напиша на Твитер на француски јазик, велејќи: „Убеден сум дека заедно ќе напредуваме кон нови заеднички победи. Кон силна и обединета Европа!“

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: