Ракометната федерација на Унгарија стави крај на ова првенство, по речиси еден месец пауза. Сезоната е поништена поради епидемијата од коронавирусот, тоа значи дека нашиот репрезентативец Дејан Манасков и неколку поранешни играчи на Вардар, нема да можат да се борат трката за титулата во Унгарија.
Во моментот кога беше запрено првенство, лидер на табелата беше Пик Сегед, но сепак ке остане без круната по административен пат.
Тимовите кои ќе ја претставуваат Унгарија во европските натпреварувања, се одредени според пласманот од минатата сезона.