Мароко ги става во карантин најголемите градови поради коронавирусот

Kazablanka Maroko
Kazablanka Maroko

Нови 633 случаи на Ковид-19 се потврдени вчера, што е најголем број на заразени во еден ден. Од почетокот на епидемијата во Мароко се регистрирани 20.278 заразени лица и 313 смртни случаи.

Zito akcija 640x289px

Поради состојбата Мароко од полноќ го забрани влезот во некои од најголемите градови во земјата, како што се Казабланка, Маракеш и Феза, соопшти мароканското Министерство за внатрешни работи.

Agria

Во земјата се уште е во сила вонредната состојба која трае до 10 август.

Пред еден месец беа ублажени рестриктивните мерки воведени претходно поради спречување на ширењето на коронавирусот, но поради зголемување на бројот на заразени случаи донесена е ваква мерка.

Забраната за меѓународни летови на националната авиокомпанија и понатаму е во сила, освен за специјални летови, со кои се превезуваат граѓани на Мароко или странски државјани.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: