Медицинскиот кислород е причина за брзо горење на материјалите

Причините за пожарот во модуларната болница во Тетово за кој и Обвинителството отвори предмет и сите околности околу настанот кој заврши трагично отвораат прашања кои ја мачат јавноста. Додека истрагата е во тек, науката нуди некои одговори од аспект на тоа зошто огнот се проширил толку брзо. Кислородниот гас во цилиндри какви што се користат во болниците поради медицински потреби впрочем е еден од најреактивните елементи. Посебни протоколи на HCE (Health and safety) при Владата на Велика Британија во документи нотираат за реакцијата на медицинскиот кислород при горење. Во документот стои дека кислородот се однесува поинаку кон воздухот, компримираниот воздух, азотот и другите инертни гасови.

Zito akcija 640x289px

“Станува збор за многу реактивен елемент. Чист кислород, под висок притисок, како на пример од цилиндар (кислородна боца) може да реагира насилно со вообичаени материјали, сите од околината и тоа многу спонатано и брзо. Впрочем, речиси сите материјали, вклучувајќи текстил, гума, па дури и метали енергично ќе изгорат во кислород, стои во документот.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Хемичарите велат дека и покрај тоа што кислородниот гас во боците се користи за многу потреби, за на работа, во болници, па дури и дома, мора да се потенцира дека сите мора да се свесни за опасноста од оган и експлозија.

Воздухот што го дишеме содржи 21 процент на кислород. Науката утврдила дека дури и мало зголемување на нивото на кислород во воздухот до 24 проценти може да создаде опасна ситуација.

„Во таква околност станува полесно да се запали оган, кој потоа ќе гори потопло и пожестоко отколку во нормален воздух. Можеби е речиси невозможно да се изгасне огнот. Протекување на вентилот или цревото во просторија со слаба вентилација или затворен простор може брзо да ја зголеми концентрацијата на кислород до опасно ниво, стои во протоколот.

Во научните истражувања како главни причини за пожари и експлозии при употреба на кислород се наведува збогатување кислород од опрема што протекува, употребата на материјали што не се компатибилни со кислород; употреба на кислород во опрема што не е наменета за сервис на кислород и неправилно или невнимателно работење со опремата за кислород.

Додека се чекаат одговорите од истрагата за пожарот во Тетово впрочем во овие пунктови може да се бара логиката за брзото ширење на пожарот и евентуалните причини за избувнувањето. Всушност пожарот во Тетово, односно неговата брзина и реакција не можела да се случи во атмосфера на обичен нормален воздух. Обвинителството веќе издаде наредба до ЈЗУ клиничка болница Тетово да се достави Планот – елаборат на системот за снабдување со кислород, цевки и приклучоци за Модуларната болница. Издадени се писмени наредби и за други потреби на истрагата од изградбата, до функционирањето на болницата.

Инаку, модуларните болници се испорчуваат како готови контејнери со инсталација на струја за прекинувачи, приклучок за електричната енергија (штекери)  и осветлување. Системот за довод на кислород се инсталира дополнително. 

Извор: https://faktor.mk/

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/23690/se-namaluva-brojot-na-hospitalizirani-i-paczienti-na-kislorodna-poddrshka-vo-veleshkiot-kovid-czentar/