Кошаркарите на Борец Баскет го забележа вториот пораз во првенствто. Во рамки на 8 коло од Втората кошаркарска лига, вчера во спортската сала на ООУ „Добре Јованоски“ во Прилеп загубија од Мега Баскет со резултат 78:69.
Иако велешани водеа на полувреме со половина кош разлика, 35:34, не успеаја да го зачуваат водството. Домашниот состав ги доби третата и четвртата четвртина со 25:19 и 19:15 и дојдоа до петиот триумф во сзоната.
Петровиќ со 18 постигнати поени и Штерјов 13 беа најефикасниај Борец Баскет, кај домашнот состав Јаневски постигна 18, додека Кузмановски 16 поени. Во наредното коло Борец Баскет го пречекува Црн Дрим од Струга.