По доаѓањето на Ерик Тен Хаг, Хари Мегваер ја загуби својата првотимска улога во тимот и неговото место е пополнето од Лисандро Мартинез, кој со Рафаел Варан, го сочинуваат идеалниот двоец во одбрана.
Мегваер сезонава скоро и да не играше, повеќе седеше на клупа, а сега доаѓа информација дека би можел на лето да го напушти Јунајтед во изненадувачки трансфер.
Во Јунајтед се свесни дека Мегваер нема никогаш да биде омилен кај навивачите и нема да може да влезе во улогата на Варан и Мартинез, па ќе ја разгледаат опцијата за негова продажба.
Од ПСЖ биле уверени дека токму Мегваер би можел да биде идеалното решение за нивната одбрана, па за тој трансфер би можеле на Јунајтед да им исплатат 55 милиони евра.
Можеби ќе ве интересира: