Мицкоски: Ако не се обрати на македонски јазик, ќе биде разрешен

hristijan-mickoski

Иако вицепремиерот Иван Стоилковиќ тврдеше дека директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците, Арсим Идризи ќе биде разрешен од функцијата, премиерот Христијан Мицкоски ќе му даде „уште една шанса“.

-Не знам каде најавил Стоилковиќ. Ако конкретно мислите во рамките на Парламентот, кога директорот не се обраќаше на македонски јазик, јас разговарав и не очекувам тоа да се повтори. Ако се повтори, ќе биде разрешен, кажа денеска премиерот.

Agria

На прашање зошто Идризи не го користи македонскиот јазик во јавните настапи, вчера Стоилковиќ во телевизиска емисија рече дека „во вторник, на идната седница на Владата, 99% сигурно ќе биде разрешен“.

На дополнителното прашање дали би поднел оставка од Владата доколку разрешувањето не се случи, Стоилковиќ одговори: „Зошто би поднел оставка? Ќе покренам иницијатива тој веднаш да биде заменет и имам право на тоа. Ќе ве известам како новинари“.

Минатата недела, како одговор на новинарски прашања, Идризи зборуваше на албански јазик и не одговори на македонски туку им порача на новинарите дека „после ќе им преведат“.

-И Законот за јазици треба да има преведувач, кажа директорот на Инспекторатот.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: