Христијан Мицкоски, лидерот на опозицијата, денеска, ден по предвремените парламентарни избори, изјави дека неговата партија има најголем кребилитет да формира влада и дека нема да прифати никакви услови за формирање нов владин состав.
„Кога ќе се исклучи БЕСА, ние имаме повеќе гласови од СДСМ на овие избори. Имаме кребилитет да формираме влада. Победивме во 41 општина.“, рече Мицкоски на денешната прес-конференција.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека изборите се одржале во тешки околности, под силни притисоци и бројни нерегулaрности.
„Сајтот за резултатите на ДИК не работи, добиваме информации дека сомнително се броени и внесувани податоците. СДСМ без Беса има два пратеници помалку од ВМРО-ДПМНЕ и затоа ние имаме најголем кредибилитет за состав на новата влада. Имаме гласови и во чисто албански средини, каде досега ВМРО-ДПМНЕ немал гласачи“, рече Мицкоски.
Можеби ќе ве интрересира: