Мицкоски оствари средба со претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лаен

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ оствари средба во канцеларијата на ЕУ со претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лаен.

Zito akcija 640x289px

На средбата, како што информираат од опозициската партија, биле презентирани три позиции на ВМРО-ДПМНЕ.

Agria

„Бидејќи одговорот на претседателката на ЕК, Урсула Фон Дер Лаен, во македонскиот парламент е дека практично ако помине ова што го промовира Владата на СДСМ и ДУИ, ќе имаме одржување меѓувладина конференција, дилемата што ја имаат ВМРО-ДПМНЕ, македонската јавност и граѓаните е следна: во членот 11 од документот наречен EU Common Position или заеднички став на ЕУ јасно стои дека Македонија нема да ги почне преговорите сè додека, повторувам, сè додека не биде променет Уставот, дали е тоа точно или не е точно, оставам јавноста експертска и луѓето што се занимаваат со оваа проблематика да дадат одговор. Повторувам, првата дилема и првиот став што ВМРО-ДПМНЕ го изнесе на таа средба е дали според документот EU Common Position, односно европски став на ЕУ, член 11, ги почнуваме преговорите сега веднаш или кога ќе дојде до промена на Уставот. Бидејќи ние, според овој документ, читаме дека почетокот на преговорите ќе биде кога ќе биде променет Уставот или, да бидам попрецизен, мал дел од бугарскиот народ, 750 семејства според последниот каков таков попис, биде дел од преамбулата и нормативниот дел на македонскиот Устав“, истакна лидерот на партијата, Христијан Мицкоски.

На новинарско прашање, што му одговорила Фон дер Лајен на неговите забелешки и ставови, Мицкоски одби да одговори и новинарите ги насочи да се обратот до ЕК и таму да го постават прашањето.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: