![](https://batali.net/wp-content/uploads/mitskoski-dijaspora.jpg)
Македонската владина делегација, предводена од премиерот Христијан Мицкоски, се сретнала со претставници на македонската дијаспора во САД. Како што е објавено, пред почетокот на самитот на НАТО, премиерот посветил внимание за позициите и прашањата на нашата дијаспора.
„Имав одлична средба со Мето Коловски и Обединетата македонска дијаспора со кои разговаравме за поддршка и лобирање за македонските интереси“, соопшти премиерот.
Пред патувањето за Вашингтон, Мицкоски посочи дека „би сакал од нив да слушнам што е она што тие го очекуваат од новата влада и нормално, што е она што новата влада ќе го понуди за да можат нашите исселеници да се вратат дома, во нивната татковина, таму да инвестираат и практично да ги избегнат сите оние пречки кои што беа изминатиот период со кои тие се соочуваа при своето доаѓање назад во својата татковина“.
![](https://batali.net/wp-content/uploads/sindikat-na-fudbaleri-288x162-novogodisna-2025.gif)
Од вторник до четврток во Вашингтон се одржува Самитот на НАТО. Клучни теми-зајакнување на одбраната и на политиката за одвраќање, поддршка за Украина и глобалните партнерства на сојузот. Македонската делегација ја предводи Мицкоски, со кого се и министрите Муцунски, Мисајловски и Тошковски.
Постои можност за средба со грчкиот премиер Мицотакис, откако Атина го отвори прашањето за почитувањето на Преспанскиот договор.
Можеби ќе ве интересира:
![](https://batali.net/wp-content/uploads/golubovi-300x300-novogodisna-2025.gif)