Мицковски повторно избран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Mickovski VMRO DPMNE

Актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е реизбран за претседател на партијата. На денешниот 17. редовен Конгрес, кој се одржа во скопската сала „Јане Сандански“, Мицкоски беше единствен кандидат. На Конгресот учествувале 493 делегати, а гласале 492. Од нив 489 гласале за Мицкоски, а три ливчиња биле неважечки.

Zito akcija 640x289px

На конгресот под мотото „Нова генерација за нова иднина“, ВМРО-ДПМНЕ најави нова доктрина и кадровски освежувања. Мицкоски во говорот најави нов концепт на делување и ги повика сите партиски определени и неопределени граѓани да му се придружат, за конечно да биде соборена актуелната власт. Тој пред делегатите кажа дека пред 4 години, кога бил избран за првпат за претседател, верувал дека ќе ја реформираат и ќе вратат партијата на победничките патеки.

Agria

„ВМРО-ДПМНЕ после овој Конгрес е со уште поголем елан и енергија за времињата што следат. Нашиот успех на локалните избори кажува дека доаѓаат промени во земјава. Народот има очекувања и надеж од нас и мораме да донесеме промени. Подгответе се, нè чека многу работа. Подготвен сум да разговарам со секој искрен политичар кој ќе застане зад она што треба да биде нов процес во државата“, рече Мицкоски во говорот по изборот за претседател на партијата.

Мицкоски најави дека партијата влегува во „втора епоха“, во која е потребно да се направи „општествена мобилизација на секоја интелектуална сила и поединец во земјата, да се допре до секоја слободомислечка индивидуа и да си подадеме рака во насока на преродба на државата, обнова и промени во партијата и во државата кои ќе ја донесат новата иднина“.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/25774/vo-veles-sedum-novi-pozitivni-na-kovid-19-ozdraveni-devet-pochinato-edno-licze/