Составот на Борец ќе биде посилен во вториот дел од Првата ракометна лига. Во екипата се враќа Кирил Миленков кој поради повреда го пропушти првиот дел од сезоната.
„Поради повреда на коленото го пропуштив првиот дел од сезоната и многу ми е жал што не можев да им помогнам на моите другари и колеги. Напорно тренирав и индивидуално и со екипата. Очекувам да ја подобриме играта во овој втор дел од сезоната, бидејќи дел од екипите се засилија во овој преоден рок. Сепак ние нема да се предадеме предвреме бидејќи јас и соиграчите играме за клуб со голема традиција. Неочекуваните порази притив екипи кои требаше да ги добиеме не смести на шестото место кое е под нашите очекувања и на управата. Наша цел е пласман во плеј офот, и во наредните пет кола од регуларниот дел да изгинеме на терен за да ја исполниме целта“, изјави Кирил Миленков ракометар на РК Борец.
Содржината продолжува под рекламата
Од утре продолжуваат натпреварите од вториот дел од Првата ракометна лига а велешани гостуваат во Скопје кај екипта на Драчево.
Содржината продолжува под рекламата
„Оваа недела играме во Скопје против екипата на Драчево која има амбиции за влез во Суперлигата, која се најавува дека ќе се прошири на 16 екипи. Драчево е искусна екипа со играчи со суперлигашко искуство и состојбата на табелата ги прави фаворити на овој натпревар, но мислам дека добро ќе се намачат да го освојат целиот плен. Ја повикувам велешката публика за поддршка на трибините, затоа што нас како млади играчи ни е повеќе од потребна,“ изјави Кирил Миленков.
До крајот на регуларниот дел од сезоната има уште пет кола, а велешани се наоѓаат на шестата позиција на табелата, едно место подоле од местото кое носи во плејофот.
Можеби ќе ве интересира: