Министерот Фетаи добил мејл со закана по живот

arben fetai MINISTER ZA DOBRO VLADEENJE

Вицепремиерот за добро владеење и транспарентност Арбен Фетаи, на службениот мејл, добил порака со закана по животот. Информацијата ја објави на неговиот Фејсбук профил посочувајќи дека пораката стигнала по неговата изјава за отстранување на дефиницијата „20 проценти“ за албанскиот јазик во Уставот.

Zito akcija 640x289px

„Денес, од европската престолнина Брисел, се чувствувам принуден да одговорам на заканата по мојот живот што ја добив во мојата официјална електронска пошта. Оваа закана дојде по мојата  изјава за отстранување на дефиницијата ’20 проценти’ за албанскиот јазик“, напиша Фетаи на Фејсбук. Тој додава дека лично го информирал министерот за внатрешни работи Панче Тошовски за заканите кои ги добил и дека побарал постапување и зголемување на неговите мерки за лична безбедност.

Agria

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: