Министерот Тошковски во Велес ја престави иницијативата „До вас, за вас“

Со иницијативата „До вас, за вас“ ги отвораме вратите на полицијата за поголема довеба во полицијата и безбедност на сите граѓани, напиша на Фејсбук министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Zito akcija 640x289px

„Денеска во Велес, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност присуствувавме на вториот настан од иницијативата „До вас, за вас“, која е дел од посветеноста за приближување на полицијата до граѓаните. Настанот на дружење и заеднички активности на полицијата со граѓаните од оваа иницијатива е исклучително важен чекор во создавање подобра комуникација а со тоа соработка и доверба меѓу полицијата и заедницата. Целта на оваа иницијатива е да покажеме на дело дека полицијата е секогаш тука меѓу граѓаните – за граѓаните. Целта е да создадеме и одржуваме врски на доверба со заедницата, што е вистински темел за создавање долгорочна безбедност и стабилност. Преку дружба и комуникација со граѓаните веруваме дека иновативно го обновуваме пристапот кон безбедноста што за резултат ќе има зголемена доверба и соработка, истакна Тошковски.

Agria

Симболично ги отвораме вратите на полицијата и ги охрабруваме сите граѓани да учествуваат во создавањето на практики кои ќе доловат вистинските потреби на граѓаните и локалната заедница, додаде тој.

 

 

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: