Министерот за здравство Венко Филипче поднесе оставка

Venko-Filipce

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната вонредна прес конференција ја објави својата оставка по трагедијата во Тетово.

Zito akcija 640x289px

„Последната трагедија во Тетово многу ме погоди. Мнгоу жалам за загинатите, сочувствувам со нивните семејства, нема зборови што тоа може да го опишаат ниту начин за да се надомести загубата. Како лекар и министер имам интегритет. Затоа денеска од морални причини понудив пишана оставка до премиерот Зоран Заев“,рече Филипче.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Пред него, оставка поднесоа и директорот на Клиничката болница во Тетово, Фљорин Бесими и економскиот директор Артан Етеми. И заменик министерот за здравство Илир Хасани попладнево поднесе како највисок морален чин.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/23597/55-godishna-zhena-od-gorno-jabolchishte-pochina-vo-veleshkiot-kovid-czentar/