Министерството за локална самоуправа до општините порача да користат „Северна“ во согласност со Уставот

vodovod otovica Goran Milevski

Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, до сите општини, до градот Скопје и до Заедницата на единиците на локалната самоуправа достави писмено мислење за примената на член 38 од Законот за локалната самоуправа, којшто се однесува на свечената изјава што ја даваат новоизбраните членови на советот, на конститутивната седница.

Zito akcija 640x289px

„Секоја употреба на други зборови, освен зборовите ‘Република Северна Македонија’ во свечената изјава е спротивна на Уставот на Република Северна Македонија, како највисок правен акт во хиерархијата на правниот поредок“, се наведува во соопштението.

Agria

Се додава и дека треба да се имаат предвид штетните последици кои можат да произлезат од нефункционирањето на советите, односно општините, и штетните последици со кои се нарушува меѓународниот углед на земјата и се поткопува правниот поредок, поради непочитување на Уставот.

Инаку, вчера во Велес на свечената седница, иако во текстот на заклетвата стоеше уставното име Република Северна Македонија, додека ја повторуваа, советниците на ВМРО ДПМНЕ и Левица одбија да ја споменат одредницата „Северна“ и заклетвата ја дадоа, споменувајќи го поранешното уставно име, Република Македонија, а подоцна членовите на Левица на социјалните мрежи објавија фотографии на кои се гледа дека во текстот на заклетвата ја избришале одредницата „Северна“ од името на државата.

Штип беше првата општина во која советниците се раскараа околу користењето на новото име на државата, па така советниците од СДСМ ја напуштија конститутивната седница, бидејќи на документите пишувало Република Македонија.

Moжеби ќе ве интересира:

https://batali.net/24896/se-konstituirashe-sovetot-na-opshtina-veles-sovetniczite-na-vmro-dpmne-i-levicza-ja-izbegnaa-severna-vo-zakletvata/