Министерството за надворешни работи упати протестна нота до Бугарија за видеото во кое се вели дека Македонија е бугарска

MNR SO PROTESTNA NOTA ZA BUGARIJA
MNR SO PROTESTNA NOTA ZA BUGARIJA

Македонското МНР преку македонската амбасада во Бугарија до бугарското МНР, упати протестна нота во врска со видеото на пратеникот во Европскиот парламент од Бугарија и заменик-претседател на политичката партија ВМРО-Бугарско Национално Движење, Ангел Џамбаски.

Zito akcija 640x289px

„Истовремено, ќе известиме и соодветно ќе реагираме и до институциите во Европската унија. Во оваа прилика напоменуваме дека ваквите изјави не придонесуваат во напорите за продлабочување на пријателството, добрососедството и соработката меѓу двете земји. Реторика во која се изразуваат територијални претензии кон соседите не доликува на земји-сојузнички во НАТО и земја-членка на Европската унија, што е директно и спротивна на идеалите и вредностите на Европската унија, на кои и двете земји силно се посветени“ соопшти МНР.

Agria

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: