Министерството за здравство ја информира јавноста дека компанијата „Фајзер-Бионтек“, производител на вакцини против Ковид 19, денеска до Министерството за здравство, го испрати договорот за купување вакцини. Компанијата во договорот ги соопшти деталите за испорака на вакцините во текот на цела 2021 година.
Производителот на вакцините компанија „Фајзер-Бионтек“ во 2021 година на Република Северна Македонија ќе и испорача 800.280 дози вакцини. Според договорот, испораката на вакцините ќе се одвива во 4 квартали, а првата достава ќе се случи во месец март. Во договорот е наведено дека компанијата „Фајзер-Бионтек“ овој месец во нашата земја ќе испорача 21.060 дози вакцини.
Оваа информација ја најави и премиерот Зоран Заев кој денеска присуствуваше на почетокот на изградбта на далекуводот Штип – Овче Поле.
„Договорот од Фајзер стигна, во првиот квартал, тоа значи дека до крајот од март ќе ги добиеме првите 21.000 вакцини. Веќе имаме во вториот квартал поголеми количини. Не се работи за несериозност, заради тоа што единствена причини е недосттатокот на производство во делот на количини на вакцини за која било вакцина. Тоа е проблемот. Ние сме мала земја, сакам да го осигурам и му гарантирам на нашиот народ дека како Влада, како Министерство за здравство имаме направено повеќе од тоа што е доволно имајќи предвид дека ќе треба еден милион народ од прилика да се вакцинира за да ја постигнеме имунизацијата, за која би било потребно да има два милиона вакцини. Ние ако ги броиме 800.000 Фајзер, 833.000 преку КОВАКС механизмот, 400.000 од Кина, 200.000 имаме нарачано од Русија, имаме дополнително од ЕУ согасно грантот од 70 милиони, донациите кои што дополнително ги најавија сите соседи стигаме до 2,5 милиони“, рече премиерот Зоран
Тој порача дека сите треба да се вакцинираат во државата, да се следат упатствата на МЗ, на Комисијата за заразни болести, на сите експерти затоа што вели, само на тој начин ќе ја совладаме пандемијата на Ковид – 19.
Можеби ќе ве интересира: