Министрите Николовски и Бектеши во посета на велешката фабрика Маслодајна

Maslodajna Lazov i ministri

Министерот за економија, Крешник Бектеши, и министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, денес ја посетија фабриката за масло за јадење „Прехранбена индустрија Кристал 1924 АД“ во Велес.

Zito akcija 640x289px

Како што информираат од владината прес-служба, при посетата двајцата министри оствариле средба со менаџерскиот тим на која разговарале за предизвиците со кои се соочува државата.

Agria

Министерот Николовски воедно најави дополнителна измена во програмата за финансиска поддршка за производителите на сончоглед.

Секој производител на сончоглед за остварување на субвенциите како доказ ќе мора да приложи потврда за предадено и откупено производство во домашните преработувачки капацитети на сончоглед. Со оваа мерка го зајакнуваме планираното годишно производство помеѓу земјоделците одгледувачи на сончоглед и преработувачите, а воедно го поттикнуваме договорното производство кое како модел треба да е се повеќе присутен во земјоделското производство“, изјави Николовски.

Министерот за земјоделство додаде дека годинава двојно ќе се зголемат површините под сончоглед, а со тоа и количините на суровина за масло за јадење.

Министерот Бектеши потенцираше дека е започнат увозот на рафинирано масло од соседите, но се увезува и од други држави со оглед дека ја укинавме царинската стапка од 29 отсто, а се работи и на дополнителни мерки за поголемо производство на сончоглед.„

„Со последните одлуки на Владата кои се прават во координација помеѓу двете министерства веќе почнува да се увезува и рафинирано масло за јадење од страна на нашите соседи. Во тој дел мерките на Владата како што се гледа и на терен ги дават соодветните резултати, во однос на количините, ги имаме сите количини на домашниот пазар потребни за нашата потрошувачка, а дополнително на тоа значи работиме и на дополнителни мерки со цел да се зголеми и производството на сончоглед“, кажа Бектеши и додаде дека главна цел на Владата е да се зголеми домашното производство, со што домашните компании ќе бидат поконкурентни.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: