По бурни пет дена, помина деноноќие без починати пациенти на инфективното одделение во велешката болница. Откако вчера беше објавено дека деветмина велешани оздравеа, се намали и бројот на хоспитализирани пациенти на одделението.
Во моментов таму се лекуваат 35 пациенти, односно шест помалку во однос на вчера. Од нив 31 се со потврден позитивен тест, двајца се сомнителни, а двајца имаат негативни тестови. Со потешки симптоми се 11 пациенти, кои добиваат кислородна поддршка.
Две жени на возраст од 57 и 86 години се последните жртви на коронавирусот во ова одделение. Тие починаа вчераутро и со нив, бројот на велешани кои ја изгубија битката со болеста е 27. Дури 13 починаа во последните осум дена.
Можеби ќе ве интересира: