Митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ вечерва во Велес

Кампањата за локалните избори продолжува со засилено темпо низ државата. Денеска во Велес, владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ ќе одржат митинг во рамки на своите предизборни активности.

Митингот е закажан за вечерва, со почеток од 20 часот, во Младинскиот парк.

Agria

Пред присутните се очекува да се обратат, актуелниот и кандидат за втор мандат градоначалникот на Велес Марко Колев, носителот на советничката листа Даниел Јаневски, како и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Од партијата ги поканија граѓаните да присуствуваат на собирот.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: