Поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, осуден на 18 години за тероризам по настаните на 27 април 2017 во Собранието, добил прекин на отслужување на казната и ќе седи дома до 21 ноември.
Од затворот од Штип велат дека прекин во отслужување на казната поради медицински причини, добиле шест лица. Двајца од нив, Александар Јаневски – Тошта и Јане Ченто им завршил прекинот и на 14 август се вратиле во затворот. Директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов кон крајот на јули потпиша решенија за 30-дневен прекин на казната за дел од лицата осудени за 27 април, поради лекување.
Можеби ќе ве интересира: