Митко Јанчев ќе бара втор мандат за Кавадарци

Mitko Jancev naslovna
Mitko Jancev naslovna

Актуелниот градоначалник на Кавадрци, Митко Јанчев ќе бара уште еден мандат од граѓаните како кандидат на ВМРО – ДПМНЕ. Иако изминатиот период имаше несогласувања со раководството, сепак партијата реши повторно да го кандидира.

Zito akcija 640x289px

„Предлогот за господинот Јанчев е барање токму и на мнозинството на жителите на Кавадарци“, рече Антонијо Милошоски од ВМРО – ДПМНЕ кој ги промовираше кандидатите за градоначалници.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Јован Тозиевски ќе биде кандидат за градоначалник на Општина Ресен, предоложен ид ВМРО – ДПМНЕ и коалициските партнери. Тој бил во два мандати член на општинскиот Совет. Кандидат за градоначалник на Општина Крушево партијата ја предложи Билјана Проеска. Таа е професрока по македонски јазик во гимназијата во Крушево.

Содржината продолжува под рекламата

Кандидат за градоначалник за општина Делчево е Николчо Стојменовски. Тој е доктор по ветеринарна медицина. Кандидат за градоначалник на општина Ранковце е Борче Спасовски. Тој се занимава со трговија и е мал стопансвеник.

Кандидат за градоначалник на општина Ново Село е Ѓорѓе Божинов. Тој е дипломиран економист, моментално е вработен во приватна градежна компанија како Извршен Менaџер. Кандидат за градоначалник на општина Василево е Славе Андонов, кој е дипломиран правник.

Кандидат за градоначалник на општина Дебарца е Сашо Силјаноски. Тој е дипломиран шумарски инженер вработен во министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. Кандидат за градоначалник на општина Зрновце е Борчо Коцев. Тој магистрирал на Факултетот за Безбедност. Има партиски мандат во општинскиот комитет во Зрновци

Кандидат за градоначалник на општина Кратово, Тодорчо Николовски предложен од Социјалистичката партија. Тој е дипломиран правник со положен правосуден испит, а од 2012 година во општина Кратово.

„Би сакал на сите да им честитам, да им посакам фер плеј и успешна кампања и се разбира успешен и победнички резултат на изборите“, изјави Милошоски.

За општините Аеродром, Карпош и Битола во ВМРО – ДПМНЕ сè уште има  внатрепартиски консултации.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: