Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев е прогласен за личност на Југоисточна Европа во областа на економијата и европеизацијата на Балакнот. Денеска и официјално оваа признание, кое го доби за 2022 година од Филмскиот фестивал на Југоисточна Европа му беше врачено.
Оваа награда за Јанчев доаѓа од меѓународниот филмски фестивал во кој се вклучени 15 европски држави, а од минатата година за првпат се одржа и во Вашингтон, САД, во организација на неколку интернационални универзитети.
Градоначалникот на Кавадарци вели дека е горд што со наградата е рамо до рамо со најуспешните од регионот – актери, културни работници, истакнати личности од областа на економијата. На овој начин се дава признание и на градот, но и на македонската историја и култура, вели Јанчев.
Носител на наградата Еуропа Прима за оваа година е српскиот режисер Драган Бјелогрлиќ, кој денеска беше присутен на свеченоста за доделување на признанието на Јанчев, која се одржа во ресторан Моклиште.
Можеби ќе ве интересира: